Револуционерно откритие: Вистинска причина поради која јадеме премногу
ЛОС АНГЕЛЕС / 18.09.13 / 01:08
Во фасцинантната нова книга, Роберт Лустиг, професор по клиничка педијатрија на Универзитетот Калифорнија, ја образложува потполно новата научна теорија според која потребата за прејадување е хормонален проблем, предизвикан со конзумирање премногу шеќер.
Кога сме сити, масните ќелии испуштаат хормон лептин во телото кој му дава инструкции на мозокот дека е време да се престане со храна. Покрај тоа што го намалува апетитот, тој хормон го намалува и чувството на задоволство и уживање што го добиваме од храната, кога ќе изедеме доволно.
Но, исхраната богата со шеќер доведува до тоа пополните луѓе да стануваат резистентни на лептин, односно, иако нивното тело произведува доволно од овој хормон, мозокот не реагира на сигналите што говорат дека сме сити.
Наместо тоа, мозокот панично претпоставува дека гладуваме и уживањето во храната е секогаш присутно, без оглед колку сме изеле и дали сме сити. Поради тоа чувстуваме постојана потреба за храна, а професорот Лустиг објаснува дека отпорноста на лептин, за која е заслужен прекумерниот внос на шеќер, е коренот за епидемијата на гојазсност.