Започнува манифестацијата „Европски денови на културно наследство“
СКОПЈЕ / 18.09.13 / 13:53
Манифестацијата Европски денови на културното наследство , која вообичаено се релаизира во септември во повеќето европски земји, започнува утре во Македонија и ќе трае до 27 септември.
Тема на годинешното одбележување, 18-то по ред во Македонија, е „Сјајот на културното наследство“.
По овој повод во музеите и културно-историските локалитети во земјата ќе се отворат бројни изложби, ќе се одржат предвања и едукативни активности, а се предвидени и посети на културно- историските локалитети.
Отворањето на манифестацијата во Музејот на Македонија официјално ќе биде извршено утре со промоција на преводот на англиски јазик на археолошкиот водич за деца „Патување во минатото на Архидон и Архидонка“.
Цел на оваа манифестација е да се подигне свеста кај пошироката публика за заедничкотот европско наследство.