Грчката полиција откри 830 кг марихуана на плажа
АТИНА / 12.09.13 / 23:49
Грчката полиција е во потрага по нарко-дилерите кои оставиле 830 килограми марихуана што се пронајдени денеска на една плажа на југот од земјата.
Во соопштението на полицијата се наведува дека дрогата била откриена во близина на пристанишниот град Килини, во регионот на Пелопонез, околу 250 километри југозападно од Атина.
Марихуаната била спакувана во 56 пакети, а полицијата истражува дали возилото кое било најдено во близина го користеле непознати дилери.
Според полицијата, се уште не е јасно дали дрогата била донесена по морски пат, или од плажата требало да ја преземе некој брод и да ја префрли на друга локација.
Пакетите марихуана биле најдени по дојава, а полицијата не ја наведе проценката за вредноста на дрогата.