Македонците најнесреќни меѓу балканците - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, септември 20, 2013 - 07:21
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Македонците најнесреќни меѓу балканците

СКОПЈЕ / 10.09.13 / 14:00
Mакедонците се најнесреќни од народите на Балканот, покажа последниот годишен извештај за среќата во светот што го изготвува Универзитетот Колумбија.

На списокот со вкупно 156 земји, рангирани според среќата и задоволството од животот, Македонија се најде на 118 место.

Посреќни од Македонците се Бошњаците, Србите, Косоварите, Хрватите.

Најсреќни народи во светот се Данците, Норвежаните, Швеѓаните, Холанѓаните и Швајцарците.

Американците (САД) се на 17 место според индексот на среќа, Германците се најдоа на 26 место.

Најмалку среќни држави се Руанда, Бурунди, Централноафриканската република, Бенин и Того.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development