Во Италија ограбен банкомат со правосмукалка
РИМ / 14.11.13 / 11:14
Досетливи арамии испразнија банкомат во Италија, вшмукувајќи ги парите од него со правосмукалка.
Грабежот, како што потврди италијанската полиција, се случил во градот Салерно во јужниот дел на Италија.
Банкоматот бил вграден во излог на локална бензинска пумпа.
Арамиите со правосмукалка успеале да вшмукаат околу 3.000 евра.
Откако го испразниле банкоматот, крадците избегале со автомобил.
Полицијата се што успеала да најде пред банкоматот била правосмукалката, која арамиите ја оставиле откако со неа успеале да ја завршат сета работа.