Српска Цесна исчезна кај Пакрац
ЗАГРЕБ / 14.11.13 / 12:07
Мал спортски авион со двајца патници исчезнал во близина на Пакрац, јавија хрватските медиуми, повикувајќи се на известувањето од Жупанискиот центар од Пожега.
Овој центар, според медиумите во Хрватска, претпладнето добил дојава дека исчезнал авион во околината на Пакрац и Липик. Станува збор за Цесна 172 од Србија во која се наоѓале две лица.
Исчезнувањето на авионот било забележано на околу 9 милји јужно од Пакрац, над шима, а спасувачки екипи се упатени до таа локација за да се почне со потрага по авионот.