Слика на Ворхол продадена за рекордни 105 милиони долари - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 10:03
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Слика на Ворхол продадена за рекордни 105 милиони долари

ЊУЈОРК / 14.11.13 / 13:25
Сликата „Несреќа на сребрениот автомобил“ од Енди Ворхол, таткото на поп-артот е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 105,4 милиони долари.

Со овој износ се урнати сите рекорди што некогаш биле платени за дело на Ворхол. „Несреќата на сребрениот автомобил, позната уште и како „Двојна несреќа“, беше продадена на аукција што ја организираше „Сотбис“.

Според агенцијата БГНЕС, името на досегашниот сопственик на делото на Ворхол останало непознато. За него се знае дека тој ја купи „Несреќата“ уште во 1963 година. По аукцијата, не е објавени ниту името на купувачот.

Од „Сотбис“ очекуваа ова дело на Ворхол да биде продадено за околу 60 милиони долари, но никој од аукциската куќа не се надевал дека тоа ќе достигне речиси од двојна цена.

Досегашната највисока цена што ја достигнало дело нма Ворхол беше неговата слика „Несреќа на зелениот автомобил“ – продадена за 71,7 милиони долари во 2007 година.

За најскапа слика на Ворхол се смета „Осумте Елвиси“, која го сменила сопственикот
во приватна зделка во 2008 година за над 100 милиони долари.

Наскоро во „Кристис“ треба да биде изложена за продажба уште една слика на Ворхол „Кока-Кола 3“. Се очекува тоа дело да достигне цена меѓу 40 и 60 милиони долари.

Од почетокот на 2012 година до сега на аукциски изложби биле продадени дела на Ворхол во вредност од 485,7 милиони долари.





| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development