КОСОВО: Уапсена група поврзана со Ал Каеда?
ПРИШТИНА / 12.11.13 / 14:11
Косовоската полиција уапси шестчлена група Албанци за кои се сомнева дека подготвувале терористички напад во Гњилане и на езерото Грмија во Приштина.
Членовите на оваа група, како што јавуваат српските медиумиу, се сомничат за поврзаност со Ал Каeда.
Еден од уапсените војувал во Сирија. Во нивните куќи при апсењето бил најден арсенал оружје.
Според медиумите, неколку месеци пред акцијата на полицијата биле прислушувани телефоните на осомничените за планирање на терористичките напади. Оваа група главн ја сочунуваат млади луѓе од Приштина и Гњилане.
Според албанскиот весник „Зери“, минатата недела некои од членовите на група се состанале во близина на езерото Грмија, каде, како се сомнева полицијата, подготвувале извршување на терористички напад. Исто така, постојат сомневања дека претходниот ден двајца припадници на истата група извршиле напад на двајца американски државјани.
Според медиумите, во акциите што биле изведени во Приштина и Гњилане, биле уапсени шестмина, додека еден е се уште во бегство.
Весникот „Коха Диторе“ пишуива дека Генц Селими, еден од уапсените, бил повратник од Сирија. Неговиот прекар бил „Ебу Хафас Ал Албани“, а тој за себе вели дека го следи патот на Ал Каида на Балканот и најавува нејзино скорешно доаѓање.
Селими одамна се вратил на Косово, а неговото враќање го направило да биде сомнителен. Долго време бил следен се додека во минатата среда не бил уапсен. Нему му е определен притвор од 30 денови.
При претресот на домовите на уапсените, полицијата освен оружје, открила и поголемо количество експлозив поврзан со мобилни телефони, подготвени за детонација.
За разлика од повеќето уапсени, главно осомничени за тероризам, Бекм М. е осомничен само за тежок физички напад. Тој бил уапсен во врска со минатонеделниот напад на двајца Американци во Приштина, припадници на верска секта кои делеле религиозни летоци во косовскиот главен град.