Тешка кражба во Музејот на Македонија – од депо украдени златни предмети - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
Повеќе од Вести
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Тешка кражба во Музејот на Македонија – од депо украдени златни предмети

СКОПЈЕ / 7.11.13 / 12:37
Златни предмети чија количина и вредност дополнително ќе се утврдува, се украдени од депото на Музеј на Македонија во Скопје, потврди полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во полициската станица на Бит пазар вчера бил пријавен упадот во Музејот, но оти се` уште не е утврдено времето кога е извршена кражбата од депото на Музејот.

Вредноста и количината на предметите дополнително ќе се утврдува, како и периодот во кој е извршена тешката кражба

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Директорот на Музејот на Македонија Дарко Кржовски за НОВА ТВ изјавил дека објектот бил чуван од Агенција за обезбедување, но одбил да одговори на прашањето дали се осигурани украдените предмети.

Тој најавил дека со сите детали ќе излезе по истрагата на полицијата.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development