Од денеска почнува уплата на две нови игри на среќа на Државна Лотарија (комерцијално известување) - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Од денеска почнува уплата на две нови игри на среќа на Државна Лотарија (комерцијално известување)

СКОПЈЕ / 27.10.13 / 10:52
Од денеска стартува уплата за двете нови игри на среќа на Државна лотарија на Македонија-Бинго Бум и Топ 5.

Извлекувањата на првото коло од двете игри ќе можат да се следат на ТВ емисија што ќе го носи името Време за среќа.

Емисијата, според Државна Лотарија, треба почне во првата половина на ноември, а ќе се емитува секој понеделник од 20,30 на МРТ1.

Денот на првото извлекување и првата емисија ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА, ќе биде дополнително објавен.

Со оглед на зголемениот интерес за учество во игрите на среќа со извлекување бројчиња, Државна лотарија на Македонија го најавува и промотивниот караван низ Македонија, а во него секој играч ќе има прилика детално да се информираза се што се однесуваат двете нови игри на среќа.

Караванот стартува исто така од денеска, на денот на официјалниот старт на уплатата за двете нови игри на среќа. Првата локација е во Битола, на Широк сокак пред продажното место Вагабонт.

Потоа следуваат -понеделник (28.10) Куманово, продажно место Кеопс,вторник (29.10) Струмица, продажно место Ваткос и во среда (30.10.13) Прилеп, продажно место Компани менаџер.

Сите промоции започнуваат во 10 часот, а играчите ги очекуваат подароци од Државна
лотарија на Македонија.

Бинго Бум е познатата омилена семејна игра на среќа Бинго, со нов идентитет и во ново ТВ пакување. Добивките се разновидни: најголемата е Макси Бинго која носи гарантирани 2.000.000 денари; за добивките Џек Пот линија и Џек Пот две линии резервирани се автомобили; а покрај добивката Бинго Бум, што се остварува до 90-тиот извлечен број, има и многу други категории добивки креирани со цел да се постигне што поголем број среќни добитници.

Цената на уплата ќе остане 60,00 за картичка со шест комбинации од по 15 броеви. Во повеќето земји од соседството и пошироко, картичката за уплата на играта Бинго има по 3 комбинации со по 15 броеви, но целта на Државна лотарија на Македонија е со понуда на двојно повеќе комбинации да ја удвои и шансата за Бинго добивки на граѓаните на Македонија.

ТОП5ќе се игра со извлекување на 5 од 35 бројчиња. Ова е нов продукт што Државна лотарија на Македонија го создаде како одговор на барањата на верни лото играчи кои покрај играта НовоЛото 7/34 во која играат за големи добивки, сакаат да играат и за почести, иако помали добивки. Во играта ТОП5 ќе се игра за 5-ка, со што на љубителите на лото играта им се дава можност за време на очекување на големата 7-ка, која во моментов изнесува близу 12.000.000 денари, да добијат и по неколку 5тки. Цената за уплата на една комбинација ТОП5 ќе е 15,00 а на едно ливче ќе може да се одиграат од една до десет комбинации.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development