Делчевчанец доби премија од три милиони денари - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
Повеќе од Вести
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Делчевчанец доби премија од три милиони денари

СКОПЈЕ / 6.11.13 / 13:58
Делчевчанец доби премија од над три милиони денари при последното извлекување на Џокер.

Премијата од рекордни 3.003.077 денари ја добил со шест погодоци .

Среќниот добитник својата уплата ја направил во продажното место Вера НБ во Делчево . Тој уплатил две комбинации на Новолото и една комбинација Новолото Џокер за вкупен износ од 50 денари.

Според податоци на Државна Лотарија, Делчево се покажало какo место каде играчите имаат најголем потенцијал за „ловење премии“.

Во 18 коло во истиот град имало добитникот на поединенчната добивка Новолото Џокер, премија која тогаш изнесувала 600.000, 00 денари.

Статистиката на Државна лотарија на Македонија, открива дека по Скопје, град во кој најмногу се игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци и Штип.

Вечерашното издание на 89 коло од НОВОЛОТО повторно ќе ги радува сите кои ќе се обидат да ја измерат среќата во нивиот избор на бројки.

Фондот за седумка продожлува да расте и сега изнесува фантастични 200.000 евра.





| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development