СМК: Иницијатива за изградба на 33-метарски крст во Општина Аеродром - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
Повеќе од Вести
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

СМК: Иницијатива за изградба на 33-метарски крст во Општина Аеродром

СКОПЈЕ / 5.11.13 / 21:41
Светскиот Македонски Конгрес соопшти дека доставил инцијативата со идеен проект до општина Аеродром за изградба на Македонски Православен Крст.

Крстот ќе биде монтажен, висок 33 метри, колку што години живеел Исус Христ до неговото воскресение, а би се изградил на микролокацијата во близина на Средното училиште на Град Скопје “Марија Кири Склодовска“, меѓу Булевар “Трета Македонска бригада“ и Булевар “Србија“.

Иницијативата, според соопштението на СМК, доаѓа поради одбележувањата
на 2000 годишнината од христијанството.

„Имајќи предвид дека речиси 99% од вкупното население во општина Аеродром се христијани, Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет ја доставил оваа иницијатива. Имајќи предвид дека Булевар “Србија“ ги поврзува општините Газа Баба, Аеродром и Кисела Вода, локацијата на Македонскиот Православен Крст овозможува тој да е видлив во сите три општини на Град Скопје“ стои во соопштението на СМК.

СМК , стои во соопшптението, смета дека „не е грев Македонците христијани да го препознаваат својот простор со симболите во кои веруваат. Впрочем заштитничка на Градот Скопје е Големата Богородица, мајката на Исус Христ. Крстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација“.

Главниот проект до општината Аеродром ќе биде доставен до крајот на оваа година, а според СМК, крстот треба да биде подигнат во рок од 60 дена од добивањето на дозволата за градење.

За оваа иницијатива постојат донатори од земјата и од странство, членови на Светскиот Македонски Конгрес, секоја донација е благородно дело, и Светскиот Македонски Конгрес таа волја ја процесуира пред надлежните органи.

СМК, стои во соопштението, очекува разбирање од градоначалникот и советниците, предлог-Одлуката за подигање на Македонски Православен Крст да биде усвоена на првата наредна седница на Советот на општина Аеродром и набргу издадена дозволата за градење.

По изградбата, Македонскиот Православен Крст ќе биде предаден во надлежност на општина Аеродром.









| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development