Комерцијално известување:Рекордни 50 илјади евра за шест погодоци отидоа во Делчево
СКОПЈЕ / 13.11.13 / 12:41
Премијата Џокер со шест погодоци, вредна рекордни 3.003.077,00 денари, односно близу 50.000 евра, замина за Делчево.
Добитничка на премијата од 88 коло на НОВОЛОТО 7/34 е Катерина Атанасовска од Делчево.
Катерина е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а својата уплата ја направила во продажното место Вера НБ во Делчево на првиот ден од ноември, без поголеми очекувања, пред да замине на работа. Уплатила две комбинации на Новолото и една комбинација Новолото Џокер за вкупен износ од 50 денари.
Според податоци на Лотарија, Делчево се покажа како место каде играчите имаат најголем потенцијал за ловење на оваа премија. Претходно, во 18 коло имаше добитник на поединечната добивка Новолото Џокер, премија која тогаш беше вредна 600.000, 00 денари.
Вечерашното издание на 91 коло од НОВОЛОТО повторно ќе ги радува сите кои ќе се обидат да ја измерат среќата во нивниот избор на бројки.
Фондот за седумка продолжува да расте, сега е фантастични 13.380.000,00 денари.