Започнаа истрaжувањата на праисториската населба Орловица
СКОПЈЕ / 5.11.13 / 21:16
Започнаа археолошките истражувања на праисторската населба Орловица, кај село Ракотици, Скопско, соопшти Министерството за култура.
Во рамките на истражувањата, кои се одвиваат неколку сезони, откриени се остатоци од ретка праисторска населба од бакарното време, од 5000 години пред нашата ера.
Археолозите, исто така, открија остатоци од куќи, стопански објекти, културни објекти со вреден археолошки инвентар, кој по конзервацијата е изложен во Музејот на Филозофскиот факултет во Скопје.
Петнаесетина студенти по археологија, предводени од проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет, годинава до 20 ноември активно ќе ги продолжат систематските археолошки истражувања на овој регистриран археолошки локалитет, на кој во изминатите години студентите практицираат теренска работа .
Истражувањата на Орловица се проект предвиден со Годишната програма за заштита на културното наследство на Министерството за култура.