Американски Институт за демократија: ВМРО 48,СДСМ 37 пратеници
СКОПЈЕ / 30.05.11 / 12:30
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори ќе освои 48 пратенички мандати, нејзиниот сегашен коалиционен партнерДУИ 16, додека опозиционите СДСМ 37 пратеници, а ДПА девет мандати во новиот парламентарен состав.
Ова се резултатите од симулација на распоредот на пратеничките мандати која американскиот Институт за демократија (ИДСЦС) ја направи врз основа на последната анкета за рејтингот на политичките партии, пред одржувањето на изборите на 5 јуни.НДП би имала 3 пратеници, Обединети за Македонија, ВМРО-Народна партија и Нова демократија би освоиле по две пратенички места, а ЛДП-1.
Од вкупниот број на испитаници 19, 4 отсто рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ- 15, 1, за ДУИ-6,9, а за ДПА-3,9.За НДП би гласале 1,8 отсто, за ОМ-1,3, за ВМРО-Народна 1,1, Нова демократијаби добила поддршка од 1 отсто, ЛДП-0,8, Достоинство-0,3, Демократска десница-0,1.
Бројот на определени гласачи според истражувањето е 52,9 отсто, а на неопределени 47,1.Истражувањето е спроведено во периодот 26 од 28 мај на репрезентативен примерок од 1.111 испитаници.
Истражувањето е спроведено од ИДСЦС, а поддржано од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), надвор од нивната воспоставена соработка за набљудување на изборите „Мојот избор 2011“./крај/(еР) ег