МВР - дневен билтен - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:03
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

МВР - дневен билтен

Скопје / 19.04.11 / 12:41
ПС Ресен поднесе кривична пријава против Д.Х. (25) од Ресен, за сторено кривично дело „тешка телесна поверда“. На 26.03.2011 година, во Ресен во ноќен клуб „Фраме“, пријавениот по претходна вребална расправија со П.А. (17) од Ресен, физички го нападнал, при што му нанел повреда во пределот на лицето.



На 18.04.2011 година, во 17,00 часот, во с. Ѓуземелци- општина Лозово, во дворот од куќата на Д.А. (63), настанала расправија и тепачка помеѓу него и Т.И. (57) од село Возарци- кавадаречко, поради напасување на овци, во која Т.И со нож му нанел убодна рана на Д.А. во градниот кош. Истиот е пренсен во Медицинскиот Центар во Велес, каде е констатирана тешка телесна повреда. Во врска со тоа против Т.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.



СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С. (25) од Битола, за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Во октомври 2010 година, во Битола на ул. „Танко и Мирко Живкови“, пријавениот со употреба на физичка сила ја отворил велзната врата од приватна амбуланта и одзел фиксен телефон, компјутер, печатар, модем, 300 ампули и други медицински предмети. По ова, од канцеларии на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ одзел греалка, две куќишта од компјутер, а од канцеларија на МЗ „Коле Канински“ одзел кварцна греалка. Исто така, на 14.04.2011 година, во Битола, на ул. „Минела Бабуковски“, пријавениот со употреба на погоден предмет од ПМВ „рено 9“, сопственост на А.Ц. (28) од Битола, одзел очила за сонце и 45 штеки цигари. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена./крај/еР










| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development