НАТО: Холандија во Чикаго ќе бара брзо членство на Македонија - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 09, 2014 - 11:24
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

НАТО: Холандија во Чикаго ќе бара брзо членство на Македонија

18.05.12 / 23:07
Холандија на самитот на НАТО во Чикаго ќе го отвори прашањето за членството на Македонија преку хашката пресуда, оваа обврска премиерот и шефот на дипломатијата ја добија од парламентот на Холандија.

Шефот на холандската дипломатија Ури Розентал и холандскиот премиер Марк Руте заминуваат во Чикаго со обврска да се заложат во завршните документи да се забележи пресудата од Хаг за грчко-македонскиот спор.

Холандската дипломатија доби ваква обврска од Парламентот на Кралството, јави Гласот на Америка. Незадоволни од првичната агенда на шефот на дипломатијата, презентирана пред парламентарните комисии, опозиционите социјалдемократи преку претставникот Ханс Тимерманс побараа Холандија на Самитот на НАТО во Чикаго да се заложи за интеграцијата на Македонија во Алијансата.

По заедничката акција на владејачкото мнозинство и најголемата опозициона партија, министерот за надворешни работи истапи пред комитетот со ветување. „Во врска со ургентното барање на многу од вас, јас разговарав со двете страни, Македонија и Грција, но и со медијаторот Нимиц. Позицијата на Холандија е дека со земјите истомисленички треба да се работи за да се дојде до формулација која ќе ја забрза интеграцијата на Македонија”, рече Ури Розентал на седницата на Комитетот за надворешна политика на холандскиот Парламент, пренесува Гласот на Америка.


| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development