ВМРО:Потсетување што правеше Бранко Црвенковски
СКОПЈЕ / 11.04.11 / 13:23
ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ, ПОТСЕТУВАМЕ:
Токму на ова место овде, во Собранието на Република Македонија во 1991 година, при прогласувањето на независноста Бранко Црвенковски инсистира прво да се свири југословенската химна, а потоа македонската. Бранко Црвенковски не станува на интонирањето на македонска химна.
Истата година, само стотина метри подоле од ова место, на Плоштадот Македонија, на 8 септември кога граѓаните на РМ прогласија и прославија независност на нашата држава, лидерите на опозицијата господата Бранко Црвенковски, Тито Петковски, Стојан Андов избегаа. Овие луѓе не се појавија на големата историска прослава на македонската независност .
Бранко Црвенковски, Тито Петковски и Стојан Андов не најдоа причина да ја прослават независностa задно со граѓаните.
Овие луѓе уште на самиот почеток покажаа непочитување, покажаа дека немаат чувство за државност и чувство на одговорност пред граѓаните.
На самиот почеток се покажа дека желбата за власт и богатење е поголема од желбата заеднички да се прослави еден историски настан
Ова граѓаните го памтат. И затоа тоа г. Црвенковски народот ќе ве казни за тоа на изборите на 5 јуни!
Интегрален текст од изјава за медиуми
Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
*Агенцијата еРепортер им го отстапува просторот на политички партии, институции и здруженија, и ги пренесува нивните соопштенија интегрално и без какви било измени. Одговорноста за содржината на соопштенијата е исклучиво нивна.