СДСМ:Груевски со секоја изјава се поконфузен - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, ноември 06, 2013 - 03:53
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

СДСМ:Груевски со секоја изјава се поконфузен

СКОПЈЕ / 28.03.11 / 16:02
Со секоја нова изјава премиерот Груевски станува се поконфузен и контрадикторен. Од него денес чувме дека 31 март останува најповолен датум за распуштање на Собранието.

Како Груевски планира да го распушти Собранието пред да го донесе Изборниот законик кој е ставен на дневен ред на Собраниска седница на 1 април?

Дополнително, кого лаже Груевски дека од претседателот на Собранието зависи изборот на Претседател на Државна изборна комисија.

Се додека нема нови моменти во ставовите на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и другите владејачки партии околу нашиот предлог за одржување на слободни, фер и демократски предвремени избори, позициите на СДСМ остануваат исти и непроменети.

Писмена реакција на изјавата на премиерот Груевски
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

*Агенцијата еРепортер им го отстапува просторот на политички партии, институции и здруженија, и ги пренесува нивните соопштенија интегрално и без какви било измени. Одговорноста за содржината на соопштенијата е исклучиво нивна.


| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development