СДСМ се откажа од избори, политиката на улица - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, ноември 06, 2013 - 03:22
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

СДСМ се откажа од избори, политиката на улица

2.01.13 / 19:38
П1: Од една страна Заев во интервју за дневен весник вели дека е подготвен за избори, а друга страна вашиот лидер и понатаму условува. Ќе одите ли на избори?

Не станува збор за понатамошно условување од страна на нашиот лидер. Ставот на партијата е дека нема да одиме на избори. Условите кои што се спомнуваат беа важечки до пред црниот понеделник, кога се случи насилството во собранието и со пратениците и со новинарите. Како што се сеќавате претходните услови беа прочистување на избирачкиот список и препораките на ОБСЕ и ОДИХР кои што власта не ги прифаќаше. Од тој ден, од тој понеделник тие услови веќе стануваат ирелевантни бидејќи се наоѓаме во ситуација во која имаме диктаторски режим, кој што не може да организира нормални, слободни и фер избори. Затоа повторувам, ние на следните избори нема да учествуваме.

П2: Дали воопшто нема да учествувате на избори, без оглед на тоа дали ќе стане збор за некоја измена во изборната регулатива?

Таа измена која што беше дадена како еден од предусловите пред понеделникот, беше важечка до понеделникот. Сега веќе сме во ситуација кога имаме ненормална ситуација во Република Македонија. Било каква регулатива, било какви избирачки списоци паѓаат во вода, во контекст на она што се случи во понеделникот. Оваа власт не може да организира фер и слободни избори, и тоа веќе на сите им е јасно. Затоа ние нема да одиме на тие избори.

П3: Премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање ве повика да се вратите во собранието. Ваш коментар.

Коментарот го дадов уште вчера. Ние нема да му ја исполниме таа новогодишна желба на Груевски. Едноставно, ние нема да се вратиме во парламентот. Тој може колку сака новогодишни желби да има, колку сака да го фаќа паника од тоа каква грешка направи и што се случува во државата после црниот понеделник, ние не се враќаме во собранието.

П4: Како ќе функционирате на политичката сцена во Македонија?

На улица.

П5: Ваш коментар за изјавата на Али Ахмети дека ќе посредувал за да се вратите во институциите.

Али Ахмети после понеделникот нема кредибилитет и интегритет да посредува во било што. Тој и неговите пратеници беа неми, но за жал соучесници во настанот во собранието.

Одговори на новинарски прашања, Гордан Георгиев,
02.01.2013 год.

*Агенцијата еРепортер им го отстапува просторот на политички партии, институции и здруженија, и ги пренесува нивните соопштенија интегрално и без какви било измени. Одговорноста за содржината на соопштенијата е исклучиво нивна




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development