Реакција на СДСМ – ВМРО е во тежок очај
СКОПЈЕ / 9.04.11 / 14:50
Најдобар доказ за паниката и нервозата која владее во ВМРО-ДПМНЕ е нискиот и крајно вулгарен речник со кој се служат нивните гласноговорници.
Три дена ги слушаме претставниците на тоталитарниот режим на Груевски како му лепат гнасни етикети на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, а ниту еднаш не одговорија:
Кој им дал за право да не ги почитуваат и да ги толкуваат правосилните судски одлуки на Врховниот суд?
Со ваквото брутално партиско насилие, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека се во тежок очај, затоа што им падна во вода целата конструкција која со години смислено ја плетеа за оцрнување на Зоран Заев.
Наместо Груевски јавно да се извини за апсењата и траумите на семејствата кои беа жртви на неговата политичка хајка, тој продолжува со своите клеветења.
За тоа, после петти јуни Груевски и фамилијата ќе се соочат со сопствената одговорност.
Писмена реакција на СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, А.Бичиклиски.
*Агенцијата еРепортер им го отстапува просторот на политички партии, институции и здруженија, и ги пренесува нивните соопштенија интегрално и без какви било измени. Одговорноста за содржината на соопштенијата е исклучиво нивна.