Милошовски во Тирана - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, ноември 06, 2013 - 02:43
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Милошовски во Тирана

СКОПЈЕ / 8.02.10 / 07:30
Македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски денеска на покана на неговиот албански колега Илир Мета, престојува во официјлна посета на Албанија.

Покрај разговорите со својот домаќин, шефот на дипломатијата Милошоски ќе биде примен од претседателот на Албанија, Бамир Топи, претседателот на Собранието Јозефина Топали и од албанскиот премиер Сали Бериша.

За време на средбите се очекува да стане збор за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, за процесите во однос на остварувањето на идентичните надворешно-политички ориентации во делот на евро-атлантското интегрирање и регионалната соработка. Особено внимание ќе се посвети на можностите за интензивирање на економската билатерална соработка. /крај/еР/мс




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development