Парфем подготвен за Џон Кенеди на продажба по 60 години! - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, ноември 06, 2013 - 03:53
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Парфем подготвен за Џон Кенеди на продажба по 60 години!

ЊУЈОРК / 22.08.13 / 17:07
Парфемот што францускиотаристократ Алберт Фокет го креирал за поранешниот американски претседател ЏонКенеди додека тој се уште бил студент 1937 година, и стана достапен најавноста и може да се купи по цена од 195 долари, пишуваат американските
медиуми.

Кенеди го запознал Фокет уште додека какостудент бил во посета на Франција. Фокет за него дизајнирал парфем под името „ Eight&Bob“, а на шишенцето пишувало:„Ова е парфем кој во себе носи дел одфранцускиот гламур што им недостига на Американците!“

Кенеди, кога се вратил во САД,му пратил писмо на Фокет во кое го моли да му прати уште осум шишенца одпарфемот за неговите пријатли и „ако неговата компанија дозволи, уште едно шишеза Боб“ (неговиот брат Роберт).

Холивудските ѕвезди какви што биле Џејмс Стјуард и Кери Грант набрзо дошле во контакт со Фокет за да набаватшише од овој се попопуларен парфем.

Фокет загинал во сообраќајна=несреќе 1939 година, а бизнисот го презел семејниот батлер Филип кој ги праќалсите нарачки се додека Втората светска војна не го запрела бизнисот.

Последниот пар шишенца Филипги пратил во корици од книга за нацистите да не ги нашле.

Сега, по 60 години, овојпарфем повторно стана достапен на пазарот, а критичарите оваа приказна ја оценуваатза премногу добра за да биде вистинита.


| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development