ВИДЕО: Грабнувачот во Инголштат побегнал од психијатриска клиника - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, ноември 06, 2013 - 02:39
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ВИДЕО: Грабнувачот во Инголштат побегнал од психијатриска клиника

ИНГЛОШТАТ / 19.08.13 / 15:46
24-годишниот маж, кој побегнал од психијатриската клиника, заробил повеќе лица во Градското собрание во Инглоштат, на југот од Германија. Грабнувачот се уште не се огласил кои се неговите барања за да ги пушти заложниците.

Портпаролот на германската полиција соопшти дека повеќе лица биле заробени на вториот кат од собранието. Донау Куриер јавува дека меѓу заложниците е и заменикот градоначалник на Инглоштат, кој бил пуштен пет часови по грабнувањето.

Според последните информации грабнувачот држи уште само двајца заложници. Полицијата се уште не располага со информација какво оружје има грабнувачот.

Заложничката криза се случува само неколку часови пред во овој германски град да дојде канцеларката Ангела Меркел.

Овие два настани не се поврзани бидејќи германските медиуми јавуваат дека грабнувачот е 24- годишна психички растроена личност.

Митингот на Христијанско-Демократската унија на Меркел, закажанб за попладнево е откажан, како и пристигнувањето на германската канцеларка во овој град во јужна Германија.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development