Меркел: Германија доследна против влезот на Турција во ЕУ - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, јануари 16, 2014 - 18:46
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Меркел: Германија доследна против влезот на Турција во ЕУ

БЕРЛИН / 29.03.10 / 13:28
Германската канцеларка Ангела Меркел пред посетата на Анкара го повтори ставот дека нејзината земја се противи на влез на Турција во ЕУ и оти се залага Унијата да ги обликува односите Анкара во форма на привилегирано партнерство.

На предлогот на Меркел, што го подржа и францускиот претседател Никола Саркози, како што пренесува „еРепортер“, силно се спротивставува владата во Анкара која бара полноправно членство во Унијата.

Турција ги започна пристапните преговори со ЕУ во 2005 година и досега отвори 12 од вкупно 35 поглавја. Процесот значително го забавува одбивањето на Анката да го признае Кипар, чиј грчки дел во 2004 година стана полноправна членка на Унијата.

Од декември 2006 година Турција има блокирано осум преговарачки поглавја бидејќи земјата реши да ги затвори своите пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони.

Меркел пред посетата на Турција и порача на владата на Анкара дека е крајно време да прекине да го блокира Кипар.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган планира со германската канцеларка да ги отвори и преговорите за укинување на визите на турските граѓани за патување во ЕУ. Меркел се противи на таква можност, оценувајќи дека Турција не ги исполнува зададените услови за либерализација на визниот режим./крај/ (еР) тт









| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development