Спасени сите 52 патника од водите кај Антарктикот
СИДНЕЈ / 2.01.14 / 16:48
Сите 52 патници од рускиот туристички брод во водите кај Антарктикот денеска се префрлени со хеликоптер и сега се на сигурно во австралискиот борд „Аврора Австралиска“, соопштија спасувачите.
„Аврора Аврстралиска“ ја извести АМСА дека сите 52 патници од бродот „Академик
Шокалскиј“ сега се префрлени на Аврора, соопшти Канцеларијата на австралиската поморска безбедност АМСА, јавија агенциите.
Претходно, во текот на денот сите агенции јавија дека нема надеж оти денеска ќе бидат спасени патниците и членовите на екипажот од насуканиот руски туристички брод,
кои се наоѓаат во водите на Антарктикот од 25 декември и оти операцијата за спасување е одложена поради смрзнатиот дожд и ветерот.
Иако претходно беше најавено дека спасувачката операција ќе започне, АМСА соопшти дека условите се погодни и дека нема да се случи ништо од планираното префрлување на патниците од кинескиот мразокршач со мал брод до „Аврора Австралиска“, објави тасманискиот локален сајт Меркуси њуз.
52-цата патници и научници, главно од Австралија и Нов Зеланд од рускиот брод „Академик Шокалскиј“ во мали групи со хеликоптер претходно биле префрлени седум наутички милји подалеку до кинескиот мразокршач „Снежниот змеј“.
Туристичкиот брод со 76 патници и членови на екипажот од католички Божиќ остана заробен во студените води на Антарктит во близина на Комонвелт беј на околу 2.700 километри од Хобарт, престолнината на островот Тасманија кај Австралија.