Македонија во одбрана на визната либерализација
СКОПЈЕ / 20.05.11 / 14:30
Македонија ќе се обиде по секоја цена да ја
зачува визната либерализација за своите граѓани.
Директорот на Директоратот за Европска унија при МНР
Агнеза Руси, како што јавува еРепортер, изјави денеска дека кампањата за
запирање на бранот на баратели на азил од Македонија во земјите на Унијата дава
резултати и оти се намалува бројот на такви лица.
Руси објасни Европската
комисија се уште не го објавила предлогот за измени на регулативата во однос на
визната либералазација за Македонија и додаде оти очекува тоа да се случи до
крајот на овој или во наредниот месец.
Помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво
Котевски соопшти дека полицијата презела
широка акција на контрола на работата на туристичките агенции и фирми кои вршат
превоз, посебно во областите од каде доаѓаат најголемиот број на баратели на
азил.
Контрола е извршена во најголем дел кај туристички агенции од
Охрид, Скопје, Струга, Битола, Кичево, Кочани и Дебар .
Котевски рече дека биле изврешени 87 контроли во 63
туристички агенции и 24 друштва за превоз на патници. Недоследности во работата
биле забележани кај 13 субјекти и ним им се изречени санкции, главно парична
глоба.
На туристичката агенција „Албатурист фарт“ поради
недоследности и е забранета за работата во период од 15 дена.
Котевски рече дека била извршена контрола и кај фирмата
„Скајвин травел“ во Шуто Оризари на која заради констатирани неправилности
изречена и е вкупна парична казна од 12.500 евра.
При контроли на границата од 29 април до 19 мај, излез од државата не им бил дозволен на вкупно 447
македонски граѓани кои патувале за западноевропските земји.
Најголем дел од нив биле спречени на граничниот премин
Табановце - 263, на Блаце - 76 и на Пелинце - 75 лица, додека на аеродромот
„Александар Велики“ биле вратени 13 лица. Причина поради која овие лица биле спречени да
отпатуваат е сомневањето за загрозување на меѓународните односи и визната
либерализација.
Котевски најави нова кампања од овој викенд со цел граѓаните
целосно да бидат информирани за визниот режим и почитувањето на обрските за
него.
Кати Верзелен, пртставник на белгиското Имиграциско биро,
изјави дека во 2010 година бројка на
баратели на азил од Македонија изнесувала 1.082 поради што земјата се нашла на
седмо место од државите од каде доаѓаат најмногу азилобаратели.
Таа наведе дека само во првите четири месеци од годинава
во Белгија биле регистрирани 362 барања
за азил од македонски државјани, што, според неа е бројка што загрижува.
Македонските власти, односно Министерството за правда предложи
измени на Криивичниот закон со цел да се спречи бранот на лажни азиланти од
Македонија.
Согласно измените, за злоупотреба на визната
либерализација се предвидува затвор до осум години, парични казни до 30 милиони
денари и одземање на патната исправа./крај/ (еР) тт