Скопје го одбележа Денот на пролетта и екологијата - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, октомври 31, 2014 - 09:58
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Скопје го одбележа Денот на пролетта и екологијата

Скопје / 19.03.11 / 14:49
Со голем екохепенинг којшто денеска се одржа во Зоолошката градина Градот Скопје го одбележа Денот на пролетта и на екологијата, 21 март.

Традиционалната манифестација привлече голем број посетители кои што имаа можност да се запознаат со активностите што ги презема Градот Скопје за почиста околина и да слушнат екопораки за поздрава животна средина.

- Денеска традиционално го одбележуваме 21 март, Денот на пролетта. Оваа манифестација ја организираме во неработен ден со една цел - да ја пренесеме пораката за почиста и поздрава животна средина на што поголем број наши сограѓани. Денот на пролетта го поврзуваме со екологијата, богатството на боите и на мирисите на пролетта се синоним за чиста средина. На овој ден на децата сакам да им порачам да се грижат за својата околина, да напишам екопораки и да нацртаат најубави цртежи за животната средина. По завршувањето на овој настан, пак, тоа расположението нека го понесат со себе и нека размислуваат што можат да направат за да придонесат Скопје да биде почист и уште попријатен град за живеење - рече Ирена Мишева, претседател на Советот на Град Скопје која што учествуваше во засадувањето зимзелени садници во дворот наЗоолошката градина.

Посетителите на Зоолошката градина денеска уживаа во изведбата на Градскиот дувачки оркестар, а за учениците од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“ беше одржан час по зоологија.

Средношколците засадија 21 листопадна и 21 зимзелена садница, а имаа можност и да запишат екопораки и да нацртаат цртежи за животната средина. Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Скопје во Зоолошката градина засадија цветна алеа.

Екохепенингот го заокружи настапот на фолклорната група од Детскиот културен центар „Карпош“.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development